Најстариот син на Дејвид Бекам и неговата девојка Никола Пелц се венчаа синоќа на Флорида, а Daily Mail објави ексклузивни фотографии.

Церемонијата се одржа на имотот на нејзиниот татко Нелсон во Палм Бич, чија вредност е 103 милиони долари. Пелц двапати одлета во Рим за да проба венчаница, направена од дизајнерот на Valentino, Пјерпаоло Пичои.

На венчавката присуствуваа многу познати имиња, а некои од нив се Серена Вилијамс, Гордон Ремзи, Ева Лонгорија, Марк Ентони, Мел Би, Том Брејди...

Бруклин и Никола се одлучија за еврејска венчавка бидејќи невестата води такво потекло. Дедото на Бруклин од страна на татко му Дејвид исто така бил Евреин. Младенците танцуваа на песната „Only Fools Rush In“ од легендарниот Елвис Присли.

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам има 23 години, а неговата избраничка е четири години постара.

