ЛА Лејкерс поведоа со 2:1 во серијата против Мемфис Гризлис, победувајќи ги во Лос Анџелес со 111:101. Ги предводеше Ентони Дејвис со 31 поен и 17 скокови, а Леброн Џејмс постигна 25, а на гостите не им помогнаа ниту 45-те поени на неверојатниот Џа Морант, кој го пропушти претходниот натпревар поради повреда.

Лејкерс решија сè веќе во првата четвртина која ја добија со неверојатни 35:9, а во последната четвртина поведоа со 20 поени разлика. Но, во текот на целото второ полувреме, Мемфис играше без срцето на својот тим, Дилон Брукс, кој беше исфрлен откако го удри Џејмс во меѓуножјето. Тоа се случи само 13 секунди по почетокот на вториот дел.
Судиите без размислување му досудија „флагрантен“ прекршок од втора категорија, што значи автоматско исклучување, а Брукс многу лесно можеше да го пропушти следниот натпревар поради суспензија, бидејќи НБА лигата на примерот на Дрејмонд Грин покажа дека таа е подготвена за такви санкции за „старите гревови“.
Во вториот натпревар од серијата помеѓу Голден Стејт и Сакраменто, Грин беше исфрлен бидејќи го згазна Домантас Сабонис на градите, а потоа се расправаше, ја провоцираше и ја навредуваше домашната публика во Сакраменто, сето тоа пред лидерот на лигата Адам Силвер, кој беше специјален гостин на натпреварот. Но, во соопштението за суспензијата беше објаснето дека голема улога во одлуката на Грин одиграла големата историја на слични испади.
И ако некој може да се натпреварува со историјата на Грин за неспортско однесување, тоа е Брукс, кој предводи во НБА со 18 технички грешки оваа сезона. Згора на тоа, во текот на регуларниот дел, истото му го направи и на Донован Мичел од Кливленд, само што подобро ја сокри намерата да го удри во меѓуножјето, а Мичел му ја врати топката во глава, па и двајцата беа исклучени.
Брукс имаше низа конфликти со други играчи, а оваа сезона повреди и снимател на еден натпревар. Покрај тоа, тој веќе имаше конфронтации со Џејмс во текот на оваа серија и го омаловажуваше во медиумите.
„Не ми е гајле за него, тој е стар. Јас се задевам. Не почитувам никого додека не постигне 40 поени“, изјави Брукс пред неколку дена и искрено го изнервира Леброн. Во превод – го мотивираше.
Џејмс не постигна 40, но не му ни требаше, доволни му беа 25 во убедливата победа за водство од 2:1 во серијата. Брукс, од друга страна, се задржа на седум поени при 3/13 шут. Четвртиот натпревар повторно се игра во Лос Анџелес, ноќта од понеделник кон вторник, па НБА сигурно денеска ќе донесе одлука дали ќе го суспендира најомразениот играч во лигата.
Бруклин - Филаделфија 88:96
(Филаделфија победи со 4:0)
ЛА Клиперс - Феникс 100:112
(Феникс води 3:1)
Мајами - Милвоки 121:99
(Мајами води 2:1)
ЛА Лејкерс - Мемфис 111:101
(ЛА Лејкерс водат 2:1)