Брус Спрингстин е прогласен за најплатен музичар во 2021 година, пишува магазинот Rolling Stone.

Минатата година заработил 590 милиони долари од кои повеќето од продажбата на неговиот музички каталог.
Договорот на Спрингстин со Sony Musicе процент на 550 милиони долари. Компанијата доби сопственост над целокупниот каталог на музичарот кој опфаќа 20 студиски албуми, 300 песни, 23 плочи во живо и уште многу други работи.
Зад Спрингстин е раперот Џеј Зи со заработка од 470 милиони долари. Најголем дел од заработката е од неговата продажба на музичкот сервис TIDAL од 302 милиони долари на поранешниот сопственик на Twitter, Џек Дорси.
Претходно, раперот овој стримнг сервис го купи за 56 милиони долари, пишува NME.