Брус Вилис: Вистинската љубов доаѓа по педесеттата година

Тој е еден од најплатените американски актери, а имаше сè: среќа, успех, слава, бројни обожаватели. Имаше една љубов, но вистинската, како што рече и самиот, ја најде дури по 50-тата година од животот.

„Се чувствувам како да потфрлив и како татко, и како сопруг затоа што не успеав да ја играм таа улога до крај“, изјави 66-годишниот Брус Вилис по разводот со Деми Мур, со која беше во брак од 1987 до 2000 година и со која има три ќерки.

Актерот Вил Смит многу му помогна да се справи со ситуацијата тогаш. Деми Мур, веднаш по разводот, влезе во врска со Ештон Качер, а Вилис одржуваше блиски односи, пријателски, и со неа и со нејзиниот тогашен сопруг. Тој присуствуваше и на нивната венчавка.

Со текот на годините, тој одржуваше убава пријателска врска со Деми Мур, имаше пократки врски и обиди, но беше сам.

Тој еднаш изјави дека "можете да го поминете целиот живот и да не сфатите дека нешто не е во ред. Но, во тој момент, кога ќе ја запознаете вашата вистинска љубов, ќе сфатите дека годините пред тоа не ни постоеле“.

„Првите години по разводот ми беа навистина тешки. Не верував повеќе во љубов. Толку се навикнав на идејата дека ќе останам сам засекогаш, што се шегував: жив сум за жив, ама сам сум. Дури откако Ема влезе во мојот живот, конечно се почувствував среќен“.

А, неговата вистинска љубов е Ема Хеминг, која е 23 години помлада од него и со која и денес е во брак.

 

„Ема требаше да замине за Њујорк, а претходниот ден, во петокот, за прв пат отидовме на состанок. Парадоксот е во тоа што кога ќе помислиш на голема љубов, не ја поврзуваш со некој што го познаваш долго време. Веруваш дека судбината е некој странец што ќе го запознаеш допрва“, се сеќава актерот на почетокот на неговата врска со Ема.

Нивните три ќерки, Деми Мур и Ештон Качер беа на нивната венчавка во 2009 година.

Брус и Ема имаат две ќерки, живеат во Њујорк и се многу среќни. Ема одржува блиски односи со постарите ќерки на нејзиниот сопруг, а неодамна, на роденденската забава на Ема, присуствуваше и Деми Мур.

„Бев многу млада кога се запознавме. Не е ни чудо што бев збунета кога се забавував со човек кој веќе има три возрасни ќерки. Првата средба со нив беше многу тешка. Но, оттогаш нема проблем. Сите се сакаме!“, вели Ема.

Со цел да се одржи бракот, парот постојано работи на негово зачувување.

„Брус секогаш ме забавува. Постојано се шегуваме, се смееме и верувам дека тоа е многу важно. Штом станува сериозно - бракот се влошува. Брус е многу сигурен и секогаш можам да сметам на него. Јас навистина верувам дека сме еден за друг“, објаснува Ема.

Двојката ги обнови брачните завети на десетгодишнината од бракот.

„Ова е навистина вистинска љубов. Ема е жената што ја барав цел живот. Не ѝ требаше ништо друго освен љубов“, рече Брус Вилис. „Сакам да бидам покрај неа постојано. Помислата да бидаме разделени е неподнослива за мене. Ова е најневеројатната врска што сум ја имал“.

Ема му го честиташе последниот роденден со зборовите:

„Среќен роденден на најголемата љубов во мојот живот. Овој човек влезе во мојот живот и го сврти наопаку и тоа го прави секој ден оттогаш. Напорно е (се смее). Тој е најдобриот човек што го познавам и благодарна сум на мојата среќна ѕвезда што го имам, секој ден“.

 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе