Брутален пречек за Гризман од навивачите на Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона Антоан Гризман доби жестоки свирежи од навивачите на Атлетико Мадрид на почетокот на мечот меѓу двата клуба на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Гризман во летниот преоден рок го напушти Атлетико Мадрид  и дојде како засилување во Барселона со трансфер вреден 120 милиони евра.

Навивачите на мадридскиот клуб не можат да му простат на Французинот што го договарал трансферот во Барса во текот на минатата сезона додека уште играше за „јорганџиите“.

Гризман играше за Атлетико пет години и беше најдобриот играч и херој на трибините, но преку ноќ стана предавник.

Така Гризман стана „персона нон грата“ на „Ванда“ и од навивачите на поранешниот клуб синоќа беше дочекан прилично морбидно. Покрај свирежите од трибините кога неговата фотографија се појави на големиот екран и секојпат кога ќе ја допреше топката на теренот, пред стадионот каде што се наоѓа неговата плакета тие оставаа играчки стаорци и лименки пиво.

На трибините го дочекаа со брутален транспарент: „Сакаше да си направиш име, а заборави да бидеш човек“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе