Брутално убиена уште една жена во Иран во протестите против носење хиџаб

Б.С.Б.
/ 26.09.2022 / 12:17

Со шест куршуми во градите, лицето и вратот во Иран е убиена е 20-годишната Хадис Наџафи. Таа е втората жена убиена поради протестите по повод симнување на хиџабот.

Хадис имаше само 20 години кога излезе на протест поради убивањето на Махса Амини. Припадници на безбедносните сили на Иран ја убија девојката, која стана нов симбол на трагедијата во оваа земја. Протестите ширум Иран почнаа на 16 септември.

Новинарката Масих Алинејад ја објави веста за смртта на Хадис Наџафи, објавувајќи го нејзиното име и видео од неа, заедно со детали за трагедијата. Полицајците пукале во оваа девојка шест пати откако таа ја врзала косата и храбро зачекорила среде протестот во Караџ каде што голем број луѓе беа собрани за да изразат негодување поради смртта на Махса Амини.

Симболичниот потег на Хадис стана нов симбол на страдање во борбата за слобода во Иран. На социјалните мрежи се појави и снимка од семејството на убиената девојка како плаче над нејзина фотографија поставена на свежо ископаниот гроб.

Бруталното убиство на Хадис Наџафи се случи неколку дена откако иранската морална полиција ја претепа 22-годишната Махса Амини до смрт, бидејќи не се придружуваше до строгите правила за носење хиџаб во земјата.

Махса беше на посета на роднини во Техеран кога моралната полиција ја уапсила и ја одвела во притвор каде била брутално претепана. Девојката добила срцев удар и починала.

Нејзината смрт доведе до демонстрации ширум Иран и поттикна остар одговор на иранскиот претседател кој на полицијата нареди „одлучно да се пресметува“ со демонстрантите.

URL
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе