„Брзав за да стигнам навреме“ - Вистина или лага?

Една поговорка што повозрасните возачи често знаат да ја кажат, вели: „Вози бавно, стигни славно“. Убаво речено, но ќе биде уште поубаво ако возачите ја разберат и нејзината суштина, што всушност значи спасување човечки животи.

За жал, во реалноста се случува нешто друго...

Секојдневно сведочиме за голем број сообраќајни незгоди предизвикани од брзо и агресивно учество во сообраќајот.

Секојдневно сведочиме за несакани случки со возачи кои возат брзи и бесни автомобили. Улиците и патиштата се користат како стази за достигнување огромни брзини.

Постепено се менува перцепцијата за дозволената брзина во сообраќајот, па се добива чувство дека прекршувањето на правилата за ограничување на брзината е нормално, очекувано, оправдано, па дури и потреба.

Брзиот и динамичен живот, бројните обврски, постојаниот недостаток на време, не е, и не може да биде оправдување. „Брзав за да стигнам навреме“ е најчестиот изговор што го користат возачите, со цел да објаснат зошто направиле одредено опасно дејствие - брзо возење. Од тука, со право се наметнува прашањето: вистина е, или лага? Дали навистина брзото возење ќе донесе и заштеда на време? Што ако сите брзаат и не ги почитуваат правилата во сообраќајот? Дали тоа ќе овозможи безбеден и фрекфентен сообраќај или ќе продуцира метеж, односно сообраќаен хаос со голем број повредени и загинати лица? Дали навистина „добивате“ на време? Дали „добиеното“ време е толку драгоцено за да го ризикувате сопствениот живот, животот и здавјето на вашите најмили и воопшто животот на кој било учесник во сообраќајот? Што е со изгубената младост и изгубениот живот на тие што загинале во сообраќајна незгода или се здобиле со траен инвалидитет?

Брзото и агресивно однесување во сообраќајот изнудува грешки кои завршуваат со фатални последици. Брзото возење е причина број еден за предизвикување сообраќајни незгоди со тешки и фатални последици. Статистиката покажува дека минатата година, во Република Македонија, 72 лица, односно 46% од вкупниот број загинати лица во сообраќајни незгоди се последица на брзо возење.

Во 2017 година, повеќе од половина од настраданите лица во сообраќајните незгоди во Европа, настрадале поради пребрзо возење. Некои поради неприлагодена брзина кон условите на патот, а некои поради преценување на сопствените квалитети и можности, или поради игнорирање на опасностите на патот.

РСБСП со совет: Запрете за миг, размислете добро и заклучете: што е тоа што го добивате, а што е тоа што го губите, или може да го изгубите, доколку не ги почитувате правилата за ограничување на брзината?!?

Потсетување: Брзината на движење на патиштата во Република Македонија е ограничена во зависност од условите на патот и истата е обележана со соодветен сообраќаен знак. Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува и до 400 евра, односно соодветен број негативни поени и времено одземање на возачката дозвола.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе