Македонија

„Брзи и бесни“: Автомобилски „дрифтови“ пред Веро Тафталиџе, полицијата не реагира

20. март 2017 - 15:23 | Д.П.

Граѓаните на Скопје што живеат во близина на Веро Тафталиџе реагираат дека секоја недела после 22 часот, паркингот пред супермаркетот се претвора во полигон за дрифтање и покажување на вештините со автомобилите.

Видеата и постовите на социјалните мрежи покажуваат возачи кои дрифтаат на паркингот каде што во непосредна близина поминуваат купувачи и случајни минувачи.

Според она што го објавуваат корисниците на социјалните мрежи, ваквите собири се случуваат подолго време односно неколку години. Тие велат дека постојано реагираат за нарушувањето на јавниот ред и мир и предизвикувањето опасност за пешачите и останатите возачи, но досега ниту една служба не реагирала.

Жителите на населбата исто така нагласуваат дека постојано пријавуваат во полиција, но иако полицијата доаѓа, тие не преземаат ништо за да ги спречат.

На видеата што ни ги испратија жители на населбата се гледа еден возач како прави егзебиции со автомобилот и поминува опасно блиску до минувачите, а на другото видео се гледа полициско комбе кое само ги посматра автомобилите што поминуваат покрај него, без никаква реакција од полицајците.

Коментирај