Брз појадок што ќе го обожавате.
Потребни состојки:
2 јајца
110 мл масло
Прашок за печиво
Лажичка сол
Три лажици сусам
550 г брашно
Шолја кисело млеко
1 шолја јогурт
Малку ким
Начин на подготовка:
Во сад изматете едно јајце, додајте прашок за печиво, сол, јогурт и кисело млеко, масло и сусам и измешајте. Потоа во истата смеса додајте брашно, па замесете го тестото. Расукајте го со дебелина од околу 1 сантиметар.
Изматете го јајцето, премачкајте ги погачките и наросете со сусам и ким.
Печете ги околу 20 минути на 200 степени.