Ако сте љубители на слатка храна, а немате многу време да минувате во кујна, овој рецепт за едноставен колач е идеален за вас. Потребни се само пет состојки и колачот не треба да се пече.
Состојки: 90 грама мелени бисквити, 250 г шеќер во прав, 120 г стопен путер, 200 г бела чоколада и 300 г нутела.
Подготовка:
Мелените бисквити измешајте ги со стопениот путер и шеќерот во прав, а потоа додадете ја нутелата. Добро измешајте ги состојките во дното на сад покриен со хартија за печење.
Стопете го белото чоколадо и прелијте над подлогата, а потоа додадете ја нутелата за декорација.
Еден час нека стои во фрижидер и потоа вкусниот колач е подготвен за служење. Толку е вкусен што се топи во уста.
Погледнете како изгледа подготовката на овој рецепт во видеото што Елојс Хед го објави на Instagram.