Што вкусно ќе зготвите за денешниот ручек? Ние ви предложуваме да подготвите солени палачинки со шунка и кашкавал.
Потребни состојки:
Палачинки
Шунка
Кашкавал
1 јајце
Јогурт
Оригано
Босилек
Начин на подготовка:
Направете солени палачинки, потоа нарендајте шунка и кашкавал, свиткајте ги и наредете ги во тавa. Одозгора прелијте ги со смесата со јајце и јогурт. Нарендајте кашкавал, додајте оригано и босилек и печете околу 15 минути на 220 степени.