Брзо и лесно, подобро од болоњезе: Паста со мелено месо и спанаќ

Доколку сакате да го израдувате семејството со вкусен ручек, подгответе им макарони со мелено месо и спанаќ. Случно е на популарното болоњезе, но се прави побрзо и полесно, а сосот е покремаст.

Италијанската кујна е позната во цел свет и нема човек што не ужива барем во еден италијански специјалитет. Пастата, заедно со пицата, е дефинитивно најпопуларна, па затоа денеска ви предлагаме да направите макарони во кремаст сос со мелено месо и спанаќ. Уште подобри се од познатите болоњезе, а се подготвуваат многу побрзо.

Потребни состојки:

  • 450 гр мелено месо (вид по избор)
  • маслиново масло
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • блага пипер
  • италијански зачин
  • 250 гр тестенини (макарони или др. по избор)
  • 2 бабури
  • 200 мл булјон
  • 150 мл павлака за готвење
  • 1 лажица доматно пире
  • 50 гр чедар
  • 70 гр спанаќ
  • маслинки

Подготовка:

Меленото месо пропржете го на маслиново масло, па посипете со италијански зачини и блага пипер. Промешајте, па додадете го исечканиот кромид. Пржете додека не омекне, потоа додадете сечкани бабури, ситно сечкан лук, сол и бибер, па пржете уште 5 минути. Во меѓувреме варете ги тестенините според упатството на пакувањето (да бидат ал денте). Додадете го доматното пире во тавата и измешајте, па истурете ја супата (½ коцка супа растворена во 200 мл топла вода) и павлаката за готвење. Промешајте, па покријте и варете околу 10 минути. Додадете рендан чедар, спанаќ и процедени тестенини. Сè убаво измешајте и оставете на оган уште 5 минути.

Remote video URL
Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Рецепти

Докопан во сос од бело вино и сенф

Read more

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Read more

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Read more

Палента со сос од печурки - супер предлог за ручек

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе