Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
300 гр шпагети
Шолја сечкан спанаќ
2 моркови
3 чешниња лук
Конзерваа домати пелат
2 коцки за супа
1 тиквичка
1 лажица маслиново масло
100 гр зелка
1 главица кромид
3 чаши вода
1 кесичка пармезан
Начин на подготовка:
Испржете морков, тиквичка, зелка, кромид и лук во подлабока тава. По 5 минути додајте вода, домати, коцка за супа и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и оставете на огин уште 20 минути.
Откако ќе омекне зеленчукот, додајте ги претходно сварените шпагети, па зачинете по вкус. Пред служење наросете пармезан.