БСП ќе поддржи влада предводена од Трифонов во коалиција со „ДБ“ и „Стани. Излези!“

БСП би ја поддржала владата на второпласираната партија на парламантерните избори во Бугарија, од неделата, на шоуменот Слави Трифонов – „Има таков народ“, во која би влегле и „Стани! Излези!“ на поранешниот правобранител на земјата, Маја Манолова, и „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда, Христо Иванов, изјави за Нова ТВ пратеникот на БСП, Христо Проданов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Проданов, доколку сите партии изјавија дека се „за“ смена на владата на премиерот Борисов, тогаш може да се зборува за поддршка на владата со мандат на партијата „Има таков народ“.

Проданов ја потврди намерата на неговата партија да не ја поддржува владата на ГЕРБ во каква било форма. Според него, доколку е потребно, може да се оди и на нови избори во Бугарија.

Сите партии, со исклучок на „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“, загубија на парламентарните избори во Бугарија.

Што се однесува до поддршката на БСП за претседателот Румен Радев за нов претседателски мандат на изборите на крајот на годината, проданов кажа дека е речиси 99 отсто убеден дека членовите на БСП ќе ја поддржат сегашната претседателска двојка, бидејќи како што им се допаѓа работата на лидерката на БСП, Корнелија Нинова, така им се допаѓа и работата на Румен Радев и Илијана Јотова.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе