„Бубрезите“ остануваат - BMW не се откажува од контроверзната маска

BMW неодамна се сврти кон нов дизајнерски јазик што не им се допаѓа на сите. Исклучително големата предна решетка често е мета на критики, особено на социјалните мрежи.

Баварскиот производител вели дека ја слуша јавноста, но сепак не гледа причина за промена на новиот дизајн.

Со претставувањето на BMW Серија 4, одеднаш се појави нова маска на ладилникот што ќе ја гледаме на повеќе модели во наредните години. „Бубрезите“ се прилично големи – некои ги сакаат, некои ги мразат.

Дизајнерот на BMW Домагој Џукец од Хрватска вели дека критиките не се причина да не спие навечер.

„Не можете да направите дизајн што го сакаат сите. Секој внатре и надвор од компанијата има свое мислење и различен вкус. Ако навистина сакате да се истакнете, мора да излезете со нешто поразлично и препознатливо“, изјави тој за британски AutoExpress.

Новата дизајнерска насока на BMW може да се види и на електричниот модел iX, додека Gran Coupé и сродниот i4 исто така ја следат истата линија на дизајн.

„Секој што има потешкотии со тоа, ќе мора да се навикне“, објаснува Џукец.

Според него, BMW автомобилите треба да имаат нешто што ги издвојува од конкуренцијата и треба да бидат различни.

Сепак, шефот на одделот за дизајн на BMW, Холанѓанецот Адријан ван Хојдонк, изјавува дека реакциите се сфаќаат сериозно.

„Исто така ги следиме социјалните медиуми, но не знаеме дали навистина станува збор за клиенти. Ги слушаме тие ставови и планираме да ги вклучиме во процесот на дизајнирање“.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе