Будење на ѕверот: Баерн во специјализирани дресови го декласираше Баер

Фудбалерите на Баерн синоќа го победија тимот на Баер со 4:0 на Алијанц Арената во 8. коло од Бундеслигата и со тоа најавија излез од резултатската криза, што е своевидна порака до останатите клубови од германската елита дека баварскиот гигант се разбуди.

Баерн веднаш тргна агресивно и во третата минута поведе со голот на Сане на асистенција на Мусијала.

Младиот германски играч за врска потоа го удвои водството во 17. минута, а одличната игра ја заокружи на шест минути пред паузата кога асистираше по втор пат, овој пат за Мане.

Сенегалецот постигна гол и во 56. минута, но беше казнет поради прекршок по прегледот на ВАР.

Конечните 4:0 ги постави Милер, кој претходно му асистираше на Мусијала за вториот гол и со тоа ја круниса добрата партија.

Баерн со вчерашната победа скокна на второто место и сега заостанува два бода зад лидерот Унион Берлин, кој има натпревар помалку. Баер е на 16. позиција.

Инаку, Баерн синоќа за првпат играше во специјализирани дресови со дизајн посветен на Октоберфест, големиот фестивал на пивото и карневалот во Минхен.

реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Прашање за ракија на британскиот „Милионер“ што само мама знае да го одговори

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

Фудбал

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Read more

10 најпосакувани фудбалери кои стануваат слободни на крајот од сезоната

Read more

Ахмедхоџиќ одби да ја носи капитенската лента со боите на виножитото

Read more

Голем удар за Њукасл: Голманот ќе паузира четири месеци

Read more
 

Спорт

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Читај повеќе

10 најпосакувани фудбалери кои стануваат слободни на крајот од сезоната

Читај повеќе

Ахмедхоџиќ одби да ја носи капитенската лента со боите на виножитото

Читај повеќе

Колку заработи Ѓоковиќ во 2023 година?

Читај повеќе

Голем удар за Њукасл: Голманот ќе паузира четири месеци

Читај повеќе

Kако Арсенал во 97. минута дојде до победа што ја чекаше цели 37 години?

Читај повеќе

Што ќе се случи со фудбалерот кој доби отказ бидејќи ја поддржа Палестина?

Читај повеќе

Кошаркарите на Монако гневни по поразот од Партизан: Ова е срам за Евролигата

Читај повеќе

Тер Штеген ќе го оперира грбот, ќе отсуствува три месеци

Читај повеќе