СЕРИЈА А

Буфон до Пирло: Сега треба да ти се обраќам со „господине“?

Андреа Пирло и официјално стана нов тренер на Јувентус.

URL

Италијанскиот фудбалски шампион вечеравечер потврди дека 41-годишниот Пирло потпиша договор со важност до 2022 година, откако Маурицио Сари беше сменет веднаш откако Јуве не успеа да продолжи понатаму во Лигата на шампиони.

URL

За Пирло, ова ќе биде прво искуство во тренерската кариера со прв тим. На крајот на јули тој беше назначен за главен тренер на младинскиот тим (до 23 години) на Јувентус.

Пирло играше во Јувентус заедно со голманот Џанлуиџи Буфон кој со 42 години е постар од неговиот нов менаџер.

По официјалното соопштување на веста, Џиџи беше духовит и на социјалните мрежи напиша: „И што, сега треба да ти се обраќам со ‘господине’? Среќно во овој нов предизвик Андреа #CoachPirlo“.

URL

И поранешниот соиграч на Пирло во Милан, Џенаро Гатузо кој сега го води Наполи, имаше интересен коментар за неговото назначување.

„Е сега се зае*ал... тоа е работата“, изјави синоќа Гатузо за Sky Italia, откако неговиот Наполи изгуби од Барселона и не се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Има среќа што почнува во Јувентус, но ова е професија во која одлична играчка кариера не е доволна. Мораш да учиш, напорно да работиш и нема да бидеш наспан“.

Пирло е светски првак од 2006 година со италијанската репрезентација. Играше за Јувентус од 2011 до 2015 година. Како дел од тимот, тој стана четирикратен шампион на Италија, го освои Суперкупот двапати и еднаш Копа Италија.

реклама

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Возевме: Спуст по новата велопатека на Водно

Read more

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Read more

Фудбал

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Read more

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Read more

Голманот на Пандев позитивен на корона

Read more

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Read more

Спорт

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Читај повеќе
  • filter

Заврши „Европската фудбалска недела“ на Специјална олимпијада Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас со златен гол ја врати надежта

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс е шампион на Западот и обезбеди финале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Читај повеќе

Вардар и Пелистер ги дознаа противниците во СЕХА лигата

Читај повеќе

Голманот на Пандев позитивен на корона

Читај повеќе

Вердаско отпадна од Ролан Гарос, позитивен е на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Тампа дојде на чекор до титулата во НХЛ

Читај повеќе