СЕРИЈА А 2019/20

Буфон ќе игра уште една сезона, го надминува Малдини

Голманот со најмногу натпревари во Калчото ќе брани и на 43 години откако се договори со Јувентус за продолжување на договорот.

Џанлуиџи Буфон година за година ја одложува пензијата. Откако првично планираше по Мундијалот во Русија 2018 година да се пензионира, непласирањето на Италија го натера да гледа кон Катар 2022. Оттогаш, секоја година Буфон оди во пензија, а потоа ја продолжува кариерата.

Сега го направи истото, потпиша нов едногодишен договор со Јувентус, што значи дека дефинитивно ќе игра до лето 2021. Нормално, Буфон цели и кон настап на ЕУРО со Италија, а го брка и тој толку посакуван пехар од Лигата на шампиони кој никако да го освои.

Моментално по бројот на настапи во Серија А израмнети на врвот со по 647 настапи се Паоло Малдини и Џиџи Буфон. Првиот одамна пензиониран, вториот нестрпливо го чека својот нареден настап за да избие сам на врвот. Јуве вечерва гостува кај Џеноа на Горан Пандев, но Буфон ќе почека за својот рекорд бидејќи вечерва помеѓу стативите ќе биде Војчех Шченсни.

Буфон и Паоло Малдини

„Во една сезона имаме минимум 48 натпревари на располагање, така да рекордот ќе дојде и тоа ќе се случи оваа сезона“, рече Маурицио Сари на синоќешниот прес прашан дали Буфон ќе постави рекорд на наредниот натпревар. Нема да биде вечер, но веројатно 648. настап ќе се случи на големото дерби в сабота против лутиот градски ривал Торино.

Буфон го брка Малдини и по бројот на одиграни сезони во Серија А. Малдини има вкупно 25 сезони, додека Буфон ја игра 23-тата. Наредната ќе му биде 24-та, а доколку навистина сака да игра на Мундијалот во Катар во 2022 година, тогаш не само што ќе го видиме Буфон и во својата 25-та сезона, туку и во рекордната 26-та со оглед на тоа што Мундијалот ќе биде во зима, односно сезоната 2022/23 ќе биде почната.

Џиџи кариерата ја почна бранејќи го голот на Парма во сезоната 1995/96, а по 6 сезони кај тимот од „Енио Тардини“ во 2001 се пресели во Јуве. Со исклучок на сезоната 2006/07 кога „Старата дама“ поради местење натпревари со помош на судии беше префрлена во Серија Б и сезоната 2018/19 кога се префрли во ПСЖ во обид да ја освои Лигата на шампионите, Буфон целе време е во Јуве во Серија А.

Буфон во дресот на Парма

Во репрезентацијата на Италија одамна е број еден според настапите. Има 176, дури 40 повеќе од Фабио Канаваро со 136, а трет е Малдини со 126. Моментално репрезентативниот статус го има замрзнато, но планира да се активира за ЕУРО 2020 и Катар 2022.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе