СЕРИЈА А 2019/20

Буфон: Лацио е во предност во трката за Скудетото

Легендарниот голман на Јуве смета дека неиграњето во Европа е голема предност за Лацио во однос на неговиот тим и Интер во борбата за титулата.

Јувентус, Лацио и Интер се во израмнета битка за Скудетото во Италија оваа сезона, која конечно донесе неизвесност во Калчото.

Џанлуиџи Буфон е замена за Војчех Шченсни, но добива шанса понекогаш. Сепак, тој е легенда, играч со огромно искуство и преку 20 сезони во Серија А. 

„Доколку Интер помине во наредната фаза од Лига Европа, тогаш би рекол дека Лацио ќе биде најголем фаворит. Тие играат само за викенд, одморени се и ќе ни направат најголеми проблеми“, вели Буфон.

Неговиот Јувентус се натпреварува во Лигата на шампионите каде има амбиции да оди докрај, додека Антонио Конте вели дека Интер нема да ја сфаќа Лига Европа несериозно. За разлика од нив, Лацио испадна од Лига Европа во фазата по групи, испадна и од Копа Италија и сега е слободен целосно да ѝ се посвети на Серија А.

Нормално, со оглед на тоа што во јануари наполни 42 години, неизбежно беше и прашањето до кога планира да игра.

„Не знам до кога ќе играм. До јуни сигурно, а потоа ќе видиме“, сепак Буфон не вели дека ќе се пензионира.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе