Буфон откри кога планира да се пензионира... ќе поигра уште малку

Легендарниот италијански голман сега има 43 години, а крајната граница која ја одреди е пензионирање на 45.

Џанлуиџи Буфон веќе требаше да биде во пензија. Неговиот првичен план беше да се повлече по Мундијалот во Русија во 2018 година, но кога Италија не успеа да се пласира, падна во вода и неговиот план да се појави на рекордното шесто Светско првенство. Уште тогаш се насочи кон Катар 2022 година и токму затоа продолжи да игра.

„Видете, во мојата глава навистина има еден 'стоп' знак, максимална точка, а таа е јуни 2023 година. Тоа е максимумот, навистина, навистина таму е крајот. Но, би можел да прекинам и за четири месеци...“, вели Џиџи говорејќи за The Guardian.

Летото 2018 наместо да престане се одлучи да премине во ПСЖ, каде одигра само една сезона, а потоа се врати назад во Јуве каде и ден денес е, иако резерва на полскиот голман Војчех Шченсни.

Буфон во солзи по испаѓањето на Италија од Шведска во баражот за пласман на СП 2018

„Јас сум личност која цврсто верува во судбина. Кога Јувентус ми понуди шанса да се вратам, си помислив: 'Господе! Никогаш не се знае, можеби постои некоја причина, нешто поради кое ми е пишано да се вратам таму. Една последна приказна да се испише'“.

Во меѓувреме Буфон успеа да го урне рекордот на Паоло Малдини за најмногу настапи во Серија А, 654 до овој момент, рекорд кој тешко дека некогаш ќе биде срушен.

За репрезентацијата на Италија нема настап од 2018 година кога изјави дека се повлекува, но неговото константно одложување на пензионирањето, и сега најавата дека тоа ќе го стори во јуни 2023 година, после Мундијалот во Катар, најавува дека Џиџи се надева дека на стара слава ќе биде во репрезентацијата како трет голман.

„Така да, да бидам искрен, има дел од сето ова кој се сведува и на малку его, кое секој од нас го има“, искрено вели Буфон.

Моментално Буфон е на делба на првото место со уште тројца други фудбалери како играчи кои биле дел од најмногу Мундијали, пет. Останатите се Лотар Матеус (Германија), Антонио Карбахал (Мексико) и Рафаел Маркес (Мексико). Единствената разлика е што сите останати одиграа барем еден натпревар на сите пет Мундијали, додека Буфон не одигра ни минута на својот дебитантски Мундијал, оној во 1998 во Франција кога му беше резерва на Анџело Перуци. Потоа играше во 2002, 2006, 2010 и 2014.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Фудбал

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Read more

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Read more

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе