Бугарија достави над 30 страници со забелешки за учебниците по историја во Македонија

Софија, 10 ноември 2018 (МИА) – Бугарија достави над 30 страници со забелешки на учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

На пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, Захариева рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состанока, а третиот треба да се одржи до крајот на месецов. Се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, направен е преглед на учебниците од шесто до седмо одделение во Македонија и за нив се доставени над 30 страници забелешки.

Захариева вели дека иако  бугарските претставници од комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците, атмосферата во комисијата е конструктивна.

Таа посочи дека комисијата секоја година до владите на двете земји ќе треба да доставува извештај за сработеното. За Бугарија, вели Захариева, е важно да се постигне меѓусебна согласност за заедничките историски настани,  личности, кои би требало заедно да се чествуваат.

Членовите на заедничката комисија веќе ја утврдиле методологијата на работа, а договорено е состаноците да се одржуваат на ротациски принцип, еднаш во Бугарија, еднаш во Македонија.

Захариева истакна дека очекувањата од работата на комисијата се многу големи. Бугарските претставници во неа, како што наведе, се определени по сеопфатни консултации со Бугарската академија на науките и Факултетот по историја на Софискиот универзитет.

Шефот на македонскиот тим Драган Ѓоргиев вчера во изјава за Канал 5 рече дека Македонија и Бугарија немаат никакви различни гледишта за праисторискиот и античкиот период, а забелешките се главно за содржините од средниот век – за Самоиловата држава и за просветителите Св. Кирил и Методиј.

– Утврдени се пропусти и во нашите и во бугарските учебници и започната е анализа за дел од нив, вели Ѓоргиев.

Бугарскиот историчар Стефан Дечев, пак, очекува промени во учебниците по историја во двете држави, но укажува дека за тоа ќе биде потребен подолг временски период.

Со отворање на историографијата една кон друга и со вклучување на млади кадри кои имаат современо образование може да биде постигнат успех и меѓусебно разбирање, вели Дечев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе