Бугарија и Романија влегуваат во Шенген

Бугарија и Романија се новите полноправни членки на Шенген зоната од 1 јануари следната година, одлучија министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ.

„Министрите за внатрешни работи штотуку одлучија да ги укинат внатрешните гранични контроли со и меѓу Бугарија и Романија од 1 јануари 2025 година. Голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа“, објави унгарското претседателство.

Во март оваа година двете земји делумно влегоа во Шенген зоната кога беа укинати контролите на море и на аеродромите. Со новите две членки, Шенген зоната има 29 членки, вклучувајќи и четири земји кои не се членки на ЕУ.

Влезот на двете земји во Шенген Австрија долго време го блокираше, оправдувајќи го своето вето со илегалната миграција, недоволната борба против корупцијата и организираниот криминал во тие земји, како и владеењето на правото воопшто. Само минатиот месец, на состанокот во Будимпешта, Австрија се откажа од блокадата.

Една од причините за блокадата беше тоа што со влезот на овие две земји се воспоставува непречена врска без гранични контроли од грчко-турската граница до остатокот од ЕУ. Голем број мигранти влегуваат преку грчко-турската граница. Бугарија и Романија влегоа во Шенген зоната две години по Хрватска, иако во ЕУ влегоа седум години пред Хрватска.

Шенген зоната, која се смета за едно од најголемите достигнувања на ЕУ, започна во 1985 година меѓу петте земји-членки Франција, Германија, Белгија, Холандија и Луксембург. Името го носи по Шенген, мало место во Луксембург, кое се наоѓа на самата граница со Германија и Франција, каде што се потпишани основачките договори.

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Свет

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Read more

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Read more

Иран заплени десетици Starlink антени

Read more

Макрон предупреди: Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе