Бугарија и С. Македонија од понеделник прекинуваат со увоз-извоз на гориво од отпад

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Од понеделик стапува во сила забраната за узвоз и извоз на гориво од отпад меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тоа е согласно забраната, која е воведена со измените во нашиот Закон за управување со отпад, кој помина во Собранието пред неговото распуштање, а со кој во нашата земја се забранува увоз на отпад, што се користи како извор на енергија.

За забраната говореше бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров, кој завчера беше во посета на земјава, каде се сретна со неговиот македонски колега Насер Нуредини.

– Ние ја затвораме Македонија за РДФ отпад, ја затвораме. Од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Северна Македонија кон Бугарија ќе поминува таков вид на отпад. За секундарни суровини за рециклирачката индустрија работите ќе се одвиваат како досега. Во моментов сме фокусирани на РДФ отпад, а потоа ќе се насочиме кон медицинскиот отпад на бугарска територија. Од странство не влегувал, ниту ќе дозволиме да влегува, вели Димитров.

Бугарскиот министер во обраќање на четвртата годишна конференција на Бугарската асоцијација за рециклирање истакна дека изминатитве пет години Бугарија го надмина просекот на ЕУ во однос на темпото на зголемување на рециклирањето на комуналниот отпад.

– Шеесет и пет проценти од она што е на депониите, треба да го рециклираме. Не да се гори, туку да се рециклира. Дваесет и пет отсто треба да изгориме и десет отсто да депонираме. А ние депонираме 90 отсто и ги полниме депониите, а десет отсто рециклираме. И поради тоа е целиот проблем, рече бугарскиот министер на конференцијата, на која учествуаат експерти, компании од секторот за рециклирање од земјата и странство и претставници на Европската комисија и на бугарски државни институции.

Димитров, кој во понеделникот беше во посета на Република Северна Македонија, изрази подготвеност за соработка со земјава во контролата на прекуграничното движење на отпадот и увери дека Република Бугарија од своја страна ќе се заложи за спречување на влезот на пратки со РДФ отпад од бугарска територија во нашата држава.

– На средбата со министерот Насер Нуредини и дел од раководниот тим на Министерството, присуствуваше и директорот на Царинската управа на РСМ, Ѓоко Танасоски. Разговорот беше фокусиран на начинот на воспоставување и отпочнување со работа на Заедничката комисија за соработка во повеќе прашања од интерес за заштитата на животната средина. Како приоритет се поставија актуелните прашања поврзани со прекуграничната контрола на отпадот, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерот Димитров нагласи дека скорешните случувања и откритија на сомнителни меѓународни движења на пратки со отпад во Бугарија, се случаи кои претставуваат незаконски активности на поединечни лица и не ја доведуваат во прашање меѓудржавната соработка помеѓу двете земји.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе