Бугарија подготвена да го заштити воздушниот простор на Северна Македонија

Скопје, 12 јуни 2019 (МИА) – Бугарија, која е членка на НАТО, може да ѝ помогне во заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија, ако склучи договор за купување осум авиони Ф-16 од САД, рече премиерот Бојко Борисов.

Новинската агенција БГНЕС пренесува дека Бугарија, која е исто така членка и на ЕУ, се обидува да ги замени своите стари МиГ-29 и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент одобрил евентуалната продажба на осум авиони Ф-16 и слична опрема за Бугарија, по цена од 1,67 милијарди долари. Сепак, Бугарија очекува САД да понудат на продажба авиони по намалена цена од 1,2 милијарди долари.

-Разговаравме со мојот колега Зоран Заев минатата недела, да го чуваме воздушниот простор на Северна Македонија кога ќе ги добиеме новите авиони. Ова ќе биде добро и за нив и за нас, изјави Борисов.

Официјалниот американски предлог за продажба на борбени авиони F-16 во Бугарија се очекува да пристигне во рок од една недела, објави вчера бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.  Очекуваниот договор за F-16 Блок 70 на Локхид Мартин ќе биде најголемата воена набавка на државата на Црното Море од крајот на комунистичката власт во 1989 година.

Како што пренесува БГНЕС, Северна Македонија се надева дека ќе стане 30. членка на НАТО следната година и, исто така, очекува наскоро да обезбеди датум за почеток на преговорите за пристапување со ЕУ по договорот со Грција за промена на своето име од Македонија. Атина претходно ги блокираше напорите на поранешната југословенска република да се приклучат на двете организации.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе