Бугарија се буни за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија

Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Меморандумот до кој дојде МИА се осврнува долго на историјата, Тито, Коминтерната и обвинува за „етнички и јазичен инженеринг“ во Северна Македонија.

Софија нагласува дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и смета дека несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт кој „би можел при зачленувањето на Северна Македонија негативно да влијае врз носењето одлуки во ЕУ“. Бугарските власти ја повикуваат Северна Македонија да изнајде долготрајни решенија со искрена политичка волја и храброст и да „раскине со идеолошкото наследство од комунистичка Југославија“.

Според Бугарија ова „наследство“ е причина за „етничкиот инженеринг“ во Северна Македонија.

По неколку пасуси посветени на историските прашања од Втора светска војна и Југославија, Софија оценува дека главните отворени прашања помеѓу неа и Скопје се јазикот, заедничката историја и малцинските прашања. Бугарија смета дека работата на заедничката експертска комисија за историја е блокирана поради тоа што македонската страна одбивала да се договори за концептот на „заедничка историја“, наместо тоа се користела со термини како „споделена“. Поради ова, смета Софија, довербата е поткопана помеѓу двете страни.

Што се однесува до јазикот, Софија го користи македонскиот јазик под наводници и смета дека до втори август 1944 не постоел ниту македонски јазик, ниту македонски етнички идентитет, и дека тие се создадени со цел да се поделат и одвојат народите во Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. Софија ја доведува во прашање кодификацијата на македонскиот јазик и смета дека тој е регионален дијалект на бугарскиот.

Бугарија оценува дека употребата на терминот македонски јазик во Преспанскиот договор не е обврзувачки за трети страни, а не ја смета за обврзувачка ниту стандардизацијата на Обединетите Нации од 1977 кога е признат македонскиот јазик. Па така, сега Софија бара во ЕУ документите да стои !„официјалниот јазик на Република Северна Македонија или во случај на апсолутна потреба „македонски јазик со фуснота“.

Софија исто така ги информира своите ЕУ партнери дека Северна Македонија нема основ да бара права за ниедно население во Бугарија, како што се договорија двете страни, но обвинува дека македонските власти не ја смениле политиката кон лица и организации кои бараат признавање на македонско малцинство во Бугарија, со што го прекршиле членот единаесет од спогодбата.

Од институциите на ЕУ нема реакција за сега на овој бугарски документ.

Дипломатски извори за МИА велат дека е нормално на почетокот на дискусиите во ЕУ секоја страна на да ги образложи своите позиции, и дека е вообичаено да бидат максималистички, но останува надеж дека ќе може да се најде заеднички прифатливо решение со Софија за да започнат преговорите за членство во Северна Македонија пред крајот на оваа година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе