Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да ја оттргне земјата од нејзиниот евроатлантски пат со зборови кои промовираат непријателство и омраза кон европскa Бугарија, наведува Дељан Пеевски од ДПС, цитиран од прес-центарот на партијата, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Пеевски, арогантно декларираното одбивање да се имплементира договорот со Бугарија, со кој се бара вклучување на Бугарите во Уставот со измени на основниот закон, е грубо кршење на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Тој потсетува дека пред повеќе од еден месец му се обратил на Мицкоски со предупредување да не се обидува да ја користи Бугарија за своите внатрешно-политички цели. Пеевски наведува дека Бугарија нема да остане рамнодушна на уште една провокација.

Дељан Пеевски очекува сите пратеници во бугарскиот парламент и бугарските пратеници во Европскиот парламент, без разлика на нивната партиска припадност, да не ги игнорираат овие алармантни процеси во соседната земја.

Според него, опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Република Северна Македонија. Оценува дека последиците од таа неодговорност не треба да ги сноси македонскиот народ, туку одговорноста треба да биде на политичарите кои го поткопуваат евроатлантскиот пат на државата, пишуваат бугарските медиуми.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Регион

Опозицијата загуби од Вучиќ за 51 глас, студентите излегоа на улица

Read more

Вештак открива детали за момчето-убиец од Белград: Сакал да биде психопат

Read more

Вучиќ се обрати од терасата на Претседателството

Read more

Bloomberg: Трамп сака да депортира мигранти во Србија

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе