Бугарскиот Парламент го одби предлогот: Нема да се купуваат руски вакцини

По два часа расправа околу геополитиката и дали руската вакцина Спутник V е најдобра или не, бугарскиот Парламент денеска не го одобри предлогот на опозициската Бугарската социјалистичка партија (БСП) за купување руски вакцини.

Националното собрание, место тоа, ѝ нареди на бугарската Влада „да ги преземе сите неопходни активности за одржување навремени консултации со Европската комисија, со цел да се истражи можноста за купување вакцини во врска со пандемијата, што добиле овластувања во земјите што не се членки на ЕУ или во Европскиот економски простор“, јави дописникот на МИА од Софија.

На последниот ден од работата на парламентот, БСП вети дека ќе обезбеди секакви вакцини откако ќе победи на парламентарните избори во Бугарија.

– Една од првите работи што ќе ја сториме кога Бугарите ќе ни ја дадат довербата е да преземеме чекори за да обезбедиме слободен пристап до сите видови вакцини, рече лидерката на БСП, Корнелија Нинова. Таа објасни дека БСП го дала предлогот затоа што „Владата на Бојко Борисов не успеа во планот за вакцинација“.

– Владата купи 13 милиони вакцини за 250 милиони евра. Вакцини нема. Бугарската Влада одобри план за вакцинација по групи што треба прво да се вакцинираат, а потоа самата го откажа планот. Владата постави зелени коридори, луѓето се построија и потоа ги вратија бидејќи вакцини нема, додаде лидерката на најголемата опозициска партија.

Таа додаде дека втората причина е што БСП сака да обезбеди слободен избор за бугарските граѓани за сите опции за вакцинирање.

Според Нинова, не е проблем што тоа е во спротивност со бугарскиот закон за лекови, бидејќи властите во Софија ги сменија „законите двапати во рок од 24 часа“.

На аргументот на ГЕРБ дека не можат да сторат ништо без европските власти, Нинова се спртивстави „никој не ви го забранува тоа“ и го даде примерот на Чешка, Унгарија, Словачка и Австрија.

– Сите оние кои почнаа да се вакцинираат со руската вакцина се префрлија на кинеските поради недостаток на залихи, рече како одговор кон неа пратеникот од владеачката партија ГЕРБ, Христо Гаџев. Тој додаде дека би бил среќен руската вакцина да биде одобрена и увезена во Бугарија, бидејќи илјадници Бугари ќе бидат вакцинирани со неа. „Единствениот проблем е можноста за снабдување“, рече Гаџев.

Според него, и унгарскиот премиер Виктор Орбан се вакцинираше со кинеска вакцина, бидејќи по првиот увоз на руски вакцини, испораките биле запрени.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе