Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде казнет со 300 лева, односно околу 150 евра бидејќи го прекршил обврската за носење маски во текот на посета во црква, пренесе Reuters.
Министерот за здравје Кирил Ананиев вчера донесе одлука за повторно носење на маски во затворени простории откако во Бугарија минатата недела е регистриран рекорден брoј заболени од COVID-19.
„Сите оние кои не носеле маски во Рилскиот манастир, во текот на посетата на премиерот, ќе бидат казнети“, изјави Ананиев.
Тој потврди дека казнет ќе биде и премиерот, како и присутните новинари, фотографи, сниматели и присутните луѓе, но не одговори дали и свештеникот кој исто така не носеше маска, ќе биде казнет.
Рилскиот манастир е постар од 1.000 години и една од најголемите бугарски туристички атракции.