Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Бугарските фудбалски легенди Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красимир Бал'ков преку својата фондација „National94“ ќе им помагаат на настраданите во пожарот во Кочани.

Бал'ков и Стоичков на Мундијалот 1994

Преку оваа фондација фудбалерите кои играа за Бугарија на Мундијалот 1994 година во САД ќе обезбедат средства кои ќе ги донираат.

„Нема датум и време за трагедија. После тоа остануваат само солзи и голема болка. Ние како Фондација National94 изразуваме сочувство до починатите. Фудбалот нѐ приближи до народот во Македонија и важно е да ја дадеме нашата поддршка во овој момент“, велат од фондацијата, пренесуваат бугарските медиуми.

Вчера Стоичков изрази сочувство и сподели дека му е тешко да го прифати она што се случи во соседна Македонија.

„Светот може да биде толку убав, но може да биде илјада пати пострашен! Нема ништо пострашно од смртта на младите! Нашите деца кои отидоа да се забавуваат! Очите ми се полнат со солзи кога читам и гледам вести! Господ нека е со Северна Македонија“, напиша Стоичков на Facebook.

Бугарија предводена од Стоичков, голманот Михајлов и Бал'ков постигна историски успех на Мундијалот 1994 стигнувајќи до 4. место. Претходно во полуфиналето потклекна пред Италија губејќи со 2:1 со головите на Роберто Баџо.

Тројцата настапија на пријателската во мај 1996 година во Софија кога тогаш силната Бугарија ја победи Македонија со 3:0, а Стоичков го постигна вториот гол. Стоичков и Бал'ков играа и на реваншот две години подоцна во Скопје кога со голот на Ѓорѓи Христов Македонија се реваншираше. Во август 2001 се одигра нова пријателска во Софија, а тогаш Бугарите победија со голот од пенал на Бал'ков.

реклама

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе