Бугарските националисти гневни поради претставата на Џон Малкович за војната со Србите

Претставата, во режија на американскиот актер Џон Малкович, ги налути националистите во Бугарија, кои ја сметаат за навреда на земјата, тврдење што холивудската ѕвезда го отфрла.

Минатонеделната премиера на драмата „Оружје и човек“ на ирскиот драматург Џорџ Бернард Шо, за српско-бугарската војна од 1885 година, предизвика насилни протести на националистичките групи.

Држејќи транспаренти, на кои пишуваше „Малкович, оди дома“, демонстрантите во четвртокот го блокираа пристапот до Националниот театар „Иван Вазов“ во Софија пред да се обидат да упаднат во зградата обвинувајќи го 70-годишниот режисер дека ја исмева историјата на земјата и нејзините граѓани.

„Оваа претстава е срамота и мора да се забрани. Ги исмева нашите предци, кои загинаа за Бугарија“, извика 21-годишната студентка Јоана Илијева, која беше во разгневената толпа. По премиерата на претставата во речиси празна сала, Малкович изјави дека е воодушевен од тоа како била примена неговата продукција.

„Тоа е доста необична реакција, но чудно е времето во светот – сѐ повеќе луѓе сакаат да цензурираат работи со кои не се согласуваат“, рече тој на прес-конференција заедно со неколку актери на сцената.

Веејќи бугарски знамиња, толпа гневни демонстранти вербално и физички ги нападнаа директорот на театарот и поранешниот министер за култура. Обвинителството отвори истрага за конфликтите.

реклама

Родителите на двете мртви бебиња во Хрватска признале сè

Read more

Контроверзна реклама: Хајди Клум повторно позираше во долна облека со ќерка ѝ

Read more

Balenciaga, која будала ќе го купи ова?!

Read more

A European Christmas - романтична божикна комедија за Американка која оди во Србија

Read more

Регион

Родителите на двете мртви бебиња во Хрватска признале сè

Read more

Драматични сцени во Грција по силното невреме: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Read more

Солун конечно доби метро: Се градеше 18 години

Read more

Вучиќ: Ќе продолжиме да се вооружуваме за да не се повтори во 1995 или 1999 година

Read more
 

Вести

Скопјанец брутално ја претепал поранешната сопруга, се бара притвор

Читај повеќе

Иран донесе уште построг закон против непристојно облекување

Читај повеќе

Притвор за прилепчанец, со пиштол им се заканувал на полицајци во Битола

Читај повеќе

Родителите на двете мртви бебиња во Хрватска признале сè

Читај повеќе

Градот како сцена: Пловечки универзитет - предавање, работилница и шетачка театарска тура по улиците на Скопје

Читај повеќе

Расчистено убиство во Струмица: Осомничено 18-годишно момче

Читај повеќе

Драма на Балтикот: Руски брод пукал во германски хеликоптер

Читај повеќе

Дали сепак ќе му се суди на 100-годишниот поранешен чувар на нацистички логор?

Читај повеќе

Шанса за Центар бара: Основни работнички права за луѓето што ни ја чистат општината

Читај повеќе