Бугарско МНР: Исвиркувањето на химната на Бугарија во Скопје е во спротивност со европските принципи

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека „го осудува јавното сквернавење на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и Северна Македонија во Скопје“.

– Говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје претставува недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и јасно е во спротивност со европските принципи и норми на однесување, наведува бугарското МНР.

Во соопштението се додева дека е „забележана реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со која се осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар“, но истовремено се повикуваат власти во Скопје да преземат решителни чекори „за искоренување на антибугарската агресија на јавниот простор на државата“.

– Потсетуваме дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза. Одржувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат дел од минатото. Само во тој дух двете земји ќе можат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и добрососедство, се додава во соопштението на бугарското МНР.

реклама

Регион

Платеничката група Вагнер отвори „центар за пријателство и соработка“ во Србија

Read more

Фон дер Лајен: Русија и Кина сакаат да го зајакнат својот статус на Западен Балкан

Read more

Турски пратеник заврши на интензивна по тепачка во парламентот

Read more

Се урна воен авион MiG 21 во Хрватска, двајцата пилоти се живи

Read more
 

Вести

Од утре во 10 часот протестите се селат пред бараките на Град Скопје

Читај повеќе

Доделени државните награди „Св. Климент Охридски“ за 2022 година

Читај повеќе

Импровизирана лабораторија со канабис откриена во Гевгелија

Читај повеќе

Индија е на пат да стане најголем увозник на руска нафта

Читај повеќе

Бразил ризикува да ја загуби контролата над Амазон во корист на шверцерите со дрога

Читај повеќе

Канада ќе ги заостри правилата за странски инвестиции

Читај повеќе

Шолц: Правиме сè што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Читај повеќе
  • play_arrow

Укинувањето на моралната полиција: Вистинска промена или ПР потег на режимот против Иранките?

Читај повеќе

Која е Дина Болуарте – првата жена претседател на Перу?

Читај повеќе