Bugatti го претстави Chiron Super Sport, нова верзија на лимитираниот модел Chiron Super Sport 300+, која веќе е достапна во продажба по цена од 3,2 милиони евра.
Во првата фаза од испораката, за купувачите ќе бидат достапни само 60 примероци од автомобилот, а тоа се очекува на почетокот од наредната година.
Исто како и стандардниот, Chiron Super Sport го движи 8.0 литарски квад-турбо W12 мотор, но благодарение на поголемите турбо полначи, редизајнираните глави на цилиндрите и новата пумпа за масло, моторот испорачува дополнителни 100 КС, односно 1.600 КС и 1.600 Nm вртежен момент.
Силата се пренесува на сите четири тркала, а автомобилот забрзува од 0 до 200 км/ч за 5,8 секунди.