Bugatti во потполност го реставрираше првиот прототип на Veyron Grand Sport, кабриолетска верзија на автомобилиот кој некогаш беше најбрзиот во светот.
Прототипот е произведен во 2008 година и е претставен на изложбата Pebble Beach. Лакиран е во сребрена боја, додека во внатрешноста е кожа во кафеава нијанса.
Bugatti го нарече овој прототип Veyron Grand Sport 2.1, а користен е за паради ширум светот. Подоцна произведоа само 150 примероци од моделот.
Внатрешноста е освежена со нова кожа, како и алуминиумски делови. Од Bugatti дури претставија и нова централна конзола за да одговара на спецификациите од 2008 година.
Bugatti Veyron Grand Sport го движи 8,0-литарски quad-turbo W-16 мотор кој развива 987 коњски сили, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,7 секунди.