Bugatti претстави маса за билјард која чини 250.000 евра

Кајгана
/ 06.05.2021 / 12:19

Освен што е познат по производство на суперавтомобили, Bugatti некогаш знае да изненади и со други производи. Па така, Bugatti претстави маса за билјард која чини 250.000 евра. Што ја прави толку посебна?

Maсата е изработена од јаглеродни влакна, а опционално може да биде опремена со серво-систем со жироскоп кој ја доведува во идеално рамна положба кога ќе се постави на јахта. Сè е јасно, нели? Oвој систем овозможува секоја ногарка од масата да ги компензира движењата на јахтата и да ја одржува масата во рамна положба. Сите прилагодувања се извршуваат со брзина од пет милисекунди, тивко и без вибрации.

Освен јаглеродни влакна, за изработка на масата користени се и алуминиум и титаниум за рамката, како и нерѓосувачки челик и кожа.

Масата е украсена со логото на Bugatti. Држачот за стаповите има 13-инчен екран на допир кој служи за следење на резулатите.

Цената е 250.000 евра, а испораката почнува од јуни. Bugatti планира да изработи 30 вакви маси.

Тагови
реклама

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе