Bugatti во Женева го претстави најскапиот автомобил на светот

Саемот на автомобили во Женева традиционално е место каде најдобрите (па и оние помалку добрите) производители на автомобили премиерно ги покажуваат нивните најнови и најатрактивни модели. Таков е случајот и со Bugatti, кој го претстави специјалниот модел La Voiture Noire.

Bugatti La Voiture Noire е базиран на популарниот хиперавтомобил Chiron, а неговата цена изнесува 12 милиони фунти, односно 9,5 милиони фунти без данок. Со таа цена, овој модел стана најскапиот комерцијален автомобил во светот.

Покривката од La Voiture Noire ја тргна претседателот на Bugatti, Стефан Винкелман, кој му го покажа на светот новиот „ѕвер“ од компанијата која е позната по суперлуксузните автомобили. Автомобилот е веќе продаден и има сопственик кој ќе може да се израдува на неговиот quad-turbo W16 8.0-литарски мотор што развива 1.500 коњски сили и има вртежен момент од 1.600 Nm.

Како што напоменавме погоре, La Voiture Noire е базиран на Bugatti Chiron и му оддава почест на моделот Type 57 SC Atlantic, произведен во 1936 година. Тоа исто така беше уникатен модел кој му припаѓаше на дизајнерот Жан Бугати, син на основачот на компанијата.

Жан загина во сообраќајна несреќа во 1939 година, а неговиот автомобил исчезна без траг во текот на првите денови од германската инвазија на Франција во 1940 година.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе