Булевар „Никола Карев” ќе биде проширен од касарната „Илинден” до Момин Поток

Скопје, 12 декември 2020 (МИА) – Следните шест месеци делот на улицата „Никола Карев”, односно „Пластичарска”, од касарната „Илинден” до Момин Поток ќе биде под интензивни градежни работи заради понатамошното проширување на овој булевар.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека со изградбата и реконструкција оваа улица ќе има вкупно четири коловозни ленти, средишно зеленило и мешани велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

– Овде ќе биде извршена целосна реконструкција и на подземната инсталација на сите оператори коишто работат со цел да избегнеме нејзино прекопување, целосно обновување на атмосферска, односно поставување на атмосферска канализација која што досега сме ја немале. Еден сериозен градежен зафат којшто  подразбира дека кога ќе го работиме и ридот кај касарната „Илинден“ ќе изработиме и потпорен ѕид во должина од околу 690 метри, изјави Шилегов.

Градот Скопје, исто така во текот на оваа година изврши реконструкција и изградба на нови сообраќајници различни општини во главниот град, се со цел, како што истакна градначалниот Шилегов, подобрување на живеењето на граѓаните. Воедно, тој апелираше до граѓаните да го почитуват новиот воспоставен сообраќаен режим во текот на шест месеци во овој дел од градот.

Освен за булеварот „Никола Карев” градоначалникот Петре Шилегов, информираше и за последните проекти кои што Градот и општините од градот ги имаат доставено до Владата со цел централната власт да ја помогне локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти.

– Завршени се во вкупен износ од околу 35 милиони евра за сите општини во нашата држава, така што нема обесправени општини во смисла на тоа дека добиваат фискална или материјална помош од страна на централната власт, а предизвикана, пред се, заради скратените буџетски приливи во нашите буџети од КОВИД кризата. Јас очекувам дека многу бргу Владата ќе излезе со целокупниот концепт, Градот е за два проекта, ние општевме со јавноста, тоа е петљата овде на крај на булеварот „Никола Карев“ кај Момин Поток, она што ќе биде предмет на реконструкција и  со средства од централната власт ќе градиме мост во Карпош 4, рече градоначалникот Шилегов, одговарајќи на новинарски прашања,  во однос на одлуката на Владата да и додели 500 илјади евра помош на Општина Арачиново.

Градоначлникот на Карпош, Стефан Богоев, рече дека таква помош добро би им дошла и на нив, меѓутоа не се обесправени затоа што вчера на седница на Владата се распределувале пари пренеманети од изградбата на карго аеродормот.

– Ние како Општина Карпош аплициравме со проекти и добиве горе – доле толкава сума. Тие проекти се реконструкција на плочникот во Порта Влае и изградба на улица во Долно Нерези. Вкупната вредност е слична колку што добила Општина Арачиново, изјави Богоев.

Последната помош што Општина Чаир ја добила од Владата изнесувала 62 милиони и ќе ги користат за решавање на секојдневни проблеми со кои се соочуваат граѓаните од општината.

– Вчера ние аплициравме со проекти кои што ни се неопходни за нашите сограѓани, односно од финансиските определби од ТАВ ние добивме 62 милиони денари. Недалку од овде, 200 метри од лева страна ја имаме населбата Серава, каде летно време нашите сограѓани немаат вода за пиење, а се наоѓата во старото градско подрачје. Тие средства ќе се користат за таа населба, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, истакна дека кога тие добиле проекти во износ од 800 илјади евра никој не реагирал, така што тој смета дека секоја општина има одредена специфичност.

-Ние сме аплицирале за проекти за канализација, за обнова на училшта и градинки. Така да секоја општина со има свои приоритети. Владата е тука, зависно од местото каде што се наоѓа општината да излезе во пресрет на одредени барања. Ние како урбани општини имаме подобри приходи и повеќе можности за одредени работи. Општина Центар која беше заборавена изминатите 13 години, сега има огромна подршка од владата. Само од едно земјиштето кој што ни ја додели владата Општина Центар, има инкасирано 2 милиони евра. Тоа е разликата, изјави Богдановиќ.

Фото: Facebook страница на Град Скопје

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе