Свет

Бурата Денис предизвика големи поплави во Велика Британија

16. февруари 2020 - 15:43 | М.С.

Велика Британија денеска ја погоди бурата Денис која предизвика поплави во јужен Велс.

Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади се соочуваат со хаосот што го предизвика невремето Денис кое е проследено со силен ветер и врнежи од дожд.

Со оглед на тоа дека бурата не се смирува, британските власти ги предупредија граѓаните да се заштитат од поплавите кои се опасни по живот.

Како што пренесува BBC, сите служби за цивилна заштита се активирани за да помогнат на населението за да се избори со поплавите откако водата навлезе во нивните домови.

Скоро 50.000 патници чекаат на аеродромите откако компанијата Easy Jet откажа 234 летови, а уште 60 денеска ќе бидат приземјени.

 

Коментирај