Кошарка
НБА 2019/2020

Бурна НБА ноќ, Лилард стигна до рекорден 61 поен

21. јануари 2020 - 9:26 | А.С.

Денот на Мартин Лутер Кинг во САД понуди фантастична кошаркарска претстава во најјаката лига во светот, а во дуелот на најголемите НБА ривали, Бостон Селтикс во својот TD Garden ги разбија ЛА Лејкерс со 139:107.

Најефикасен во триумфот на Селтикс беше Тејтум со 27 постигнати поени, додека кај Лејкерс Мекги постигна 18 поени. Џејмс ја заврши средбата со 15 поени, 7 скока и 13 асистенции, додека Дејвис постигна сѐ на сѐ 9 поени.

Портланд Трејл Блејзерс славеа против Голден Стејт Вориорс со 129:124. Фантастичниот Демијан Лилард дојде до рекорд во кариерата и постигна 61 поен со 10 скока.

Никола Јокиќ постигна 17 поени и додаде 13 скока во победата на Денвер Нагетс на гостувањето кај Минесота Тимбервулфс со 107:100.

Јута Џез славеше на свој терен против Индијана Пејсерс со резултат од 118:88. Најефикасен кај домаќините беше Мичел со 25 поени, додека Бојан Богдановиќ постигна 16.

Поразот на Феникс Санс од Сан Антонио Спарс беше со резултат од 120:118, а Мајами Хит славеше по продолженија против Сакраменто Кингс со 118:113.

Орландо Меџик славеше на гостувањето кај Шарлот Хорнетс со 106:83, додека Милвоки Бакс победија на свој терен протиц Чикаго Булс со 111:98.

Коментирај