Бурна расправа во Франција за проверката дали жените се девици

Б.С.Б.
/ 26.11.2020 / 14:36

Дали сте знаеле дека Франција е една од дваесетте земји во кои се прави проверка дали некоја жена е девица? По повод предлогот за забрана на ваквата пракса, мислењето на јавноста е поделено.

Додека некои активисти во ОН бараат забрана за ваквата „варварска пракса“, други предупредуваат дека положбата на одреден број муслиманки би можела значително да се влоши поради тоа.

Според СЗО, проверка на невиноста на жената се спроведува во најмалку 20 земји во светот. Понекогаш тоа се врши принудно, бидејќи семејството, партнерот или потенцијалниот работодавач го користат за процена на честа или за општествена вредност.

Во Европа, вакви тестови се вршат во Белгија, Холандија, Велика Британија, Шведска и Шпанија. Во Франција проверката на невиност е најчеста пракса меѓу муслиманите, оваа земја има најголем број муслимани во Европа, околу 5 милиони или 7 до 8 проценти од популацијата.

ОН предупредуваат дека ваквите тестови се болни, непрецизни и претставуваат кршење на човековите права, оценувајќи дека за нив нема место во модерното општество.

Но, сите не се согласуваат со ова, некои експерти предупредуваат на непосакуваните ефекти предложени при забраната на проверка на невиност во Франција, која е дел од поширокиот предлог закон за исламски сепаратизам кој ќе биде изнесен пред Парламентот следниот месец.

Според нацрт-законот, претседателот Емануел Макрон предлага казна затвор од една година и парична казна од 15.000 евра за лекарите кои издаваат вакви потврди. Тој закон треба да ја засили секуларната вредност и борбата против исламскиот сепаратизам, смета тој.

Но, како што објаснуваат лекарите, жените би можеле да плаќаат прекумерни надоместоци за илегални тестови или ризикуваат да се соочат со насилно однесување од членови на семејството, без разлика дали станува збор за партнер или роднина, ако немаат доказ за нивната невиност.

Во многу земји ваквите тестови се нелегални, како на пример во САД и во Канада.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе