Ракомет

Бутел си најде засилување на У19 Мундијалот во Скопје

15. август 2019 - 13:47 | Ф.З.

Нигерискиот бек кој е моментално трет најдобар стрелец на кадетскиот Мундијал потпиша за скопски Бутел.

Фарук Јусуф постигна 8 голови кога играше против Македонија во второто коло од фазата по групи, а вкупно на Мундијалот даде 40 и е трет на листата на стрелци зад нашите Костески и Серафимов. Нигерија го заврши Мундијалот на претпоследното 23-то место откако денеска ја совлада Канада.

„Среќен сум што потпишав за тим каков што е Бутел кој од година во година сѐ повеќе се развива. Се надевам дека ќе помогнам во следниот период тимот да стигне до некој трофеј и едвај чекам да ја започнам соработката со управата, со тренерот и со моите нови соиграчи“, изјави Јусуф за официјалната facebook страница на РК Бутел.

Десниот бек стави потпис на договор долг четири години и на Бутел ќе му се приклучи на почетокот на септември.

Коментирај