Cadillac претстави прототип за шампионатите WEC и ИМСА

Cadillac сезонава ќе испорача три различно обоени V-LMDh Hypercar прототипи, со кои ќе се натпреварува во шампионатот ИМСА и Светскиот шампионат за издржливост (WEC).

Во Cadillac одлучија два хибридни прототипа од класата Hypercar сезонава да учествуваат на повеќечасовни трки од шампионатот IMSA, а третиот прототип во чија каросерија доминира сината боја ќе бие битки во Светскиот шампионат на издржливост (WEC - World Endurance Championship).

Црвениот и жолтиот прототип со стартни броеви 31 и 01 ќе дебитираат на патеката на првата од 11-те трки на северноамериканскиот шампионат ИМСА (24 часа Дејтона) што започнува на 28 јануари, додека синиот прототип со стартен број 2 ќе ја започне својата борба за слава на 17 март кога започнува првата од седумте трки на WEC шампионатот (1.000 милји Себринг).

Прототипот со кој Cadillac сезонава ќе се соочи со бројните конкуренти од класата Hypercar го покренува атмосферскиот 5,5-литарски V8 LMC55R мотор, кој покрај хибридниот систем има и 680 коњски сили.

Шасијата ја „потпишува“ италијанска Dallara, а 7-степен секвенцијален менувач е одговорен за пренос на силата до шасијата.

„Подготвени сме да се соочиме со најдобрите, а особено сме среќни што се враќаме во Ле Ман, каде се вози најпребирливата трка во светот“, изјави првиот човек на американската компанија, Рори Харви. Претходно беше објавено дека синиот Cadillac V-LMDh во WEC ќе биде управуван од искусното трио составено од Новозеланѓанецот Ерл Бамбер и Британците Алекс Лин и Ричард Вестбрук.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Концепти

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Read more

Камп-приколка како врвен луксуз: Porsche прави чуда

Read more

Mansory во свој стил го модифицираше Ferrari SF90 Spider

Read more

Претставен првиот концепт за полициски летечки автомобил

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Од Скопје до Рим со едно полнење на батеријата

Читај повеќе

Ferrari: Хакирани сме, но нема да платиме откуп

Читај повеќе
  • filter

Одредени финалистите на Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија

Читај повеќе

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000 година ќе се продава на аукција

Читај повеќе
  • play_arrow

Секси Golf

Читај повеќе

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Читај повеќе
  • play_arrow

„Франкенштајн“ на тркала

Читај повеќе
  • filter

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Читај повеќе

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Читај повеќе