Мобилни

Call Recorder: Уред за снимање разговори преку телефон или апликација

16. јули 2017 - 11:09 | А.С.

Корисниците на iPhone може да ги снимаат разговорите преку инсталирање одредени апликации, но тие не се употребливи ако разговорот се одвива преку WhatsApp, Skype или други слични апликации за комуникација.

Компанијата PhotoFast го произведе адаптерот Call Recorder што овозможува снимање на секаков вид разговори обавени преку iPhone и преку апликациите како Skype, Facebook Messenger, WhatsApp, Line, Viber i WeChat.

Уредот ги чува снимките во m4a формат, а корисникот може да избере дали да се чуваат снимките во меморијата на телефонот или на micrSD картичката.

Во случај на дојдовни повици, има копче за снимање директно на уредот и автоматски почнува снимањето кога ќе се притисне.

Коментирај