Facebook ја доби максималната можна казна поради скандалот со Cambridge Analytica.
Властите во Велика Британија го казнија Facebook со 645.000 долари. Станува збор за највисоката казна што може да се изрече за злоупотреба на лични податоци, пишува BBC. Скандалот со Cambridge Analytica доведе до проток на лични податоци на 87 милиони корисници на оваа социјална мрежа.
Но, казната е ништо во споредба со 40 милијарди долари што Facebook ги заработи. Се проценува дека казната би била поголема ако на сила се европските ГДПР правила. ГДПР им дозволува на властите да изгласаат казна која изнесува 4% од глобалната заработка на некоја компанија. Во случајот на Facebook, тоа би било 1.6 милијарди долари.