Capology ги објави платите на сите играчи во Премиер лигата

Макфакс/Кајгана
/ 21.07.2024 / 10:21

Финансискиот портал Capology објави податоци за платите на сите фудбалери во Премиер лигата пред почетокот на новата сезона 2024/2025. На првите четири места има двајца асови на Манчестер сити и по еден на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува овој портал, за платите на 590 фудбалери се издвојуваат околу 1,8 милијарди фунти (околу 2,1 милијарди евра), односно просечната плата на фудбалерите во елитната англиска лига е околу 3 милиони фунти годишно (околу 3,5 милиони евра).

Најплатен фудбалер во Премиер лигата е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне. Белгиецот заработува 20,8 милиони фунти годишно (околу 24,7 милиони евра). Или 400.000 фунти неделно, што е околу 475.000 евра.

Второто место го зазема неговиот норвешки соиграч Ерлинг Браут Холанд со 19,5 милиони фунти (23,2 милиони евра). Неговата неделна плата изнесува 375.000 фунти.

Третото место го поделија Мохамед Салах од Ливерпул и бразилскиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Каземиро. Годишно заработуваат по 18,2 милиони фунти (21,6 милиони евра), односно неделно инкасираат по 350.000 фунти неделно.

Многумина ќе бидат изненадени од некои имиња, на пример, најплатен играч на Челси е Белгиецот Ромелу Лулаку, и покрај тоа што во последните две сезони тој не одигра ниту една секунда за клубот од „Стемфорд Бриџ“. Лукаку играше на позајмици во Интер и Рома. иста плата како Лукаку има и Рахим Стерлинг, 16,9 милиони фунти (околу 20 милиони евра).

Жуау Канселу и Џејдон Санчо се слични примери. Португалецот играше како позајмен за Баерн и Барселона, а е четврти најплатен играч во тимот на Пеп Гуардиола, додека Англичанецот минатата сезона повторно го носеше дресот на Борусија од Дортмунд и е четврти најплатен играч во тимот на Ерик тен Хаг.

Топ 30 според платите:

Кевин Де Брујне (Манчестер Сити) 20,8 милиони фунти

Ерлинг Браут Холанд (Манчестер Сити) 19,5

Мохамед Салах (Ливерпул) 18,2

Каземиро (Манчестер Јунајтед) 18,2

Рахим Стерлинг (Челси) 16,9

Ромелу Лукаку (Челси) 16,9

Бернарду Силва (Манчестер Сити) 15,6

Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) 15,6

Џек Грилиш (Манчестер Сити) 15,6

Каи Хаверц (Арсенал) 14,56

Габриел Жесус (Арсенал) 13,78

Жуау Канселу (Манчестер Сити) 13,0

Мејсон Маунт (Манчестер Јунајтед) 13,0

Џон Стоунс (Манчестер Сити) 13,0

Џејдон Санчо (Манчестер Јунајтед) 13,0

Рис Џејмс (Челси) 13,0

Бруну Фернандеш (Манчестер Јунајтед) 12,48

Деклан Рајс (Арсенал) 12,48

Мартин Едегор (Арсенал) 12,48

Фил Фоден (Манчестер Сити) 11,7

Вирхил ван Дајк (Ливерпул) 11,44

Родри (Манчестер Сити) 11,44

Антони (Манчестер Јунајтед) 10,4

Бен Чилвел (Челси) 10,4

Томас Парти (Арсенал) 10,4

Јошко Гвардиол (Манчестер Сити) 10,4

Весли Фофана (Челси) 10,4

Кристофер Нкунку (Челси) 10,14

Букајо Сака (Арсенал) 19,14

Сон Хјон-мин (Тотенхем) 9,88

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Фудбал

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Read more

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Read more

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Read more

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе