Царините на Трамп за Кина стапија на сила, Пекинг веднаш одговори

Макфакс
/ 04.02.2025 / 09:37

Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за неколку производи од САД како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Кина истовремено објави и други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пренесува AP.

Според официјалното соопштение, Кина ќе применува царина од 15% за јаглен и течен природен гас и 10% за сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем капацитет. Оваа одлука доаѓа како одговор на американските царини наметнати од претседателот Доналд Трамп, кои стапија на сила утрово.

Додека американските и европските берзански индекси беа во пораст по вчерашните добри вести од Канада и Мексико, тие утрово повторно се во пад бидејќи инвеститорите стравуваат од трговска војна меѓу САД и Кина, слична на онаа од првиот мандат на Трамп.

„Мислам дека треба да се навикнеме на ова, еден вид ролеркостер на јавни преговори за царини и други политики“, вели Рос Мејфилд, аналитичар во компанијата Baird.

„Едностраното зголемување на царините на САД сериозно ги крши правилата на Светската трговска организација“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за трговија. „Не само што не помага во решавањето на сопствените проблеми, туку ѝ штети на нормалната економска и трговска соработка меѓу Кина и САД“.

Царините од 10% наредени од Трамп за Кина стапија на сила денеска, иако тој планираше да разговара со кинескиот претседател Си Џинпин во следните неколку дена во обид да ги намали тензиите меѓу двете најголеми светски економии.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Свет

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Read more

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Read more

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе