Царовска: Мерката трето дете не се укинува, се трансформира

Скопје, 8 ноември 2018 (МИА) – „Мерката трето дете не се укинува туку се трансформира. Воведуваме праведно право за демографски развој и додаваме право за прво дете, за второ и за трето дете со цел да нема дискриминација. За првото дете еднокаратен износ од пет илјади денари, за второто дете еднократен износ од 20.000 денари, а за третото дете еднократен износ од 60.000 денари“, изјави министерката Мила Царовска.

„Дополнително граѓаните кои се во социјален ризик, добиваат право да остварат детски и образовен додаток, дури и оние кои се на минимална плата. Многу е важно дека трето дете како политика ја чини државата на годишно ниво повеќе од 2 милијарди и 600 милиони денари, но резулатите не се постигнати. Секоја мерка може да се воведе и по десет години гледате дали дала ефект или не“, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.

Таа појасни дека ако се следи оваа мерка во десет години, се гледа дека не дала никаков ефект.

„Парите сме ги потрошиле и сме ги пуштиле во еден бунар затоа што во 2001 година наталитетот во Македонија бил 13,3, а во 2016 година тој изнесува 11,1 отсто, што значи дека таа инвестиција ниту е одржлива, ниту е исплатлива. Детската сиромаштија во Македониај е над 30 отсто. Ние сме инвестирале во семејства кои не се во социјален ризик и деца кои не се загрозени. Токму таа мерка никако немаше лимит. Секое семејство, и она кое има 200.000 денари плата и она кое има нула приход можеа да ја остварат оваа мерка. И  со тоа се создава една неправедност“, рече Царовска.

„Оваа Влада, како што додаде, верува дека само праведен систем, праведно насочување на парите и нивна редистрибуција може да донесе до квалитетна Македонија, Македонија која се движи кон ЕУ“. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе