Царовска: Платите на социјалните работници зголемени за 22 отсто

Скопје, 24 јули 2019 (МИА) – За 22 отсто поголеми плати добиле вработените стручни работници и соработници во центрите за социјални работи, а во септември ќе добијат повисока плата за уште пет проценти. На ваков начин, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се враќа достоинството на социјалниот работник, се овозможува негова поголема мотивираност во работата за социјалните случаи да ги надминат проблемите со кои се соочуваат.

-Денеска имам средба со вработени во центрите за социјални работи со кои разговараме за нивниот кариерен развој, но, исто така, и за зголемувањето од 22 отсто кое го добија со исплатата на јунската плата во јули. Во просек стручниот работник ќе добива повеќе од 4.300 денари покачување.  Тоа значи дека ако едно лице кое било стручен работник во центрите досега земало плата од 23.190 денари сега ќе добива плата од 27.512 денари. Доколку лицето е со 15 години стаж, а во просек поголем дел од вработените се со повеќе години стаж, тоа ќе зема 29.505 денари, рече Царовска.

На ова покачување, најави Царовска, во септември ќе добијат и дополнителни пет отсто покачување, што, како што рече, укажува дека се враќа достоинството на социјалниот работник кој работи интензивна тешка работа и на меѓусебни односи кои се најтешко решливи во општеството.

-За да може да имаме квалитетен социјален систем, да кажеме дека развиваме услуги и оти социјалните случаи преку социјалната служба навистина ќе ги надминуваат проблемите со кои се соочуваат, мора да имаме мотивирани и квалитетни работници, што ќе се постигне со поголеми плати и преку системот за кариерен развој, рече министерката за труд и социјална политика.

На ваков начин, смета Царовска, овие работни места ќе бидат атрактивни за работници или стручни лица кои ќе сакаат да дадат максимум во општеството и во разрешувањето на социјалните проблеми во државата.

Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Струмица Зоран Манев е согласен со ставот дека поголеми плати, но и можност за кариерен развој ќе придонесат за подобро поставен систем на социјална заштита.

Со новото законско решение, рече тој, се создаде можност платите да се планираат врз основа на можностите на Центрите и бројот на корисници.

Според него, има четири категории во кои вработените во центрите може да напредуваат и врз основа на тој принцип да дадат придонес за подобро поквалитетно решавање на работните задачи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе