Царовска: Учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот се вложат максимално 

Колку се училиштата подготвени за организирање настава со физичко присуство од прво до трето одделение и за спроведување на насоките на МОН и дали се набавени сите потребни материјали прецизирани во протоколите за безбедност? За условите со кои располагаат е рзговарано на денешната средба меѓу директори на основни училита со министерката за образование и наука Мила Царовска, откако Владата вчера на седница го усвои Планот на МОН за почеток на учебната 2020/2021 година.

– Директорите и градоначалниците се главната алка кои треба да го обезбедат она што ние како Влада и Министерство го носиме. Затоа и ги повикавме на средба, за овој процес на подготовка го сфатат сериозно и понатаму ги спроведуваат насоките кои ги даваме. Дел од нив се подготвени за физичко присуство – помали училишта кои ќе може да ги опфатат сите одделенија или ќе побараат дозвола од комисијата на Владата, дел од нив се поголеми кои се подготвуваат за онлајн-настава. Платформата е во подготовка и наскоро ќе им биде презентирана на наставниците кои потоа ќе треба да ги вклучат и учениците, изјави министерката Царовска сигурна, како што рече, дека и покрај епидемијата учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот вложат максимални напори.

Додаде дека наставата е динамичен процес и од епидемиолошката состојба и насоките на Комисијата за заразни болести ќе зависи како ќе се постапува во текот на училишната година – дали ќе се продолжи според усвоениот план или, можеби, ќе треба некои работи да се менуваат.

Минатата недела Владата ги усвои протоколите за физичко присуство на учениците во основно и во средно образивание кои се доставени до сите училишта. Допоlнително, вчера беше донесен и Планот како ќе се спроведува учебната година еден месец пред нејзиниот почеток на 1 октомври.

Според Царовска, целта била да се понуди колку што е можно покомбиниран модел кој ќе ги опфати сите и има две опции – физичко присуство на децата или онлајн-настава ако родителот не сака детето да биде во училница со други деца.  Ако немаат интернет-пристап или ИТ-уреди, а се работи, рече Царовска, за околу 10 отсто од сите ученици, матреријалите ќе бидат отпечатени и наставникот ќе им ги доставува на родителите. Посочи дека се прават анализи за да почне набавка и во второто полугодие да се обезбедат ИТ-уреди за тие деца.

Поради одложениот старт, Бирото за развој на образвание работи на кратење на наставните програми за бројот на денови кои би го надминале 10 јуни за да може учебната година да заврши на тој датум.

-Имаме 159 дена кои ќе треба да се адаптираат. Бирото ги работи и ќе ми ги достави. Програмата се поедноставува затоа што часот ќе биде 30 минути. Сите овие програми сосе упатствата до петок ќе им бидат доставени на училиштата. Овојпат се подготвува и посебно упатство за оценување што е исклучително важно, зашто онлајн-наставата треба да даде максимален квалитет колку што е можно со овој начин на настава. Минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако доколку дозволува епидемилошката состојба и тоа ќе го организираат училиштата со насоки од Бирото. Целта е да бидеме сигурни дека знаењето што го стекнале, на правилен начин сме го валидирале и ставиле во свидетелство, истакна министерката за образвание и наука.

Дел од директорите на состанокот веќе прават подготовки според здравствените протокли и реорганизација на наставата согласно со капацитетите на нивните училишни објекти, што е нивна и надлежност на општините.

Директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, Перо Арсеновски, изјави дека нивното улилиште, кое е меѓу најголемите во земјава, е подготвено наставата да ја почне со физичко присуство на учениците до трето одделение. Тоа се вкупно 18 паралелки со по 30 ученици во паралелка и секоја ќе биде поделена во две групи со најмногу 20 деца. Онлајн-настава од нив сакаат да следат 15 до 20 отсто по паралелка. Имаат услови и за онлајн-настава за учениците од четврто до деветто оддлеение, наставниците се обучени, технички и просторно се опремени и сè е, рече, организирано и подготвено за да нема проблеми.

Настава со физичко присуство ќе има во ОУ „Лазо Трповски“ во Карпош, не само до трето одделение за кои е задолжително, туку и за погорните одделенија зашто имаат просторни можности. В.д. директорката Јовановска рече дека за родителите што ќе побараат онлајн-настава имаат обучени наставници за да има квалитетна настава.

Матилда Бајкова, директорка на ОУ „Аврам Писевски“ во село Бардовци со вкупно 250 ученици, изјави дека онлајн-настава ќе се организира само за ученици чии родители ја избрале, но дека 99 проценти од прво до трето одделение веќе се изјасниле за физичко присуство. И родителите на повозрасните деца, рече таа, сакаат настава со физичко присуство, имаат просторни услови и се подготвени согласно со протоколите.

реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Кој ќе може да аплицира за „1.000 денари месечно за струја“?

Read more

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Македонија

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Read more

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Read more

Забрана за користење на дронови на неколку локации во Скопје, соопшти МВР

Read more

Намален е бројот на пациенти во критична состојба кои се лекуваат во странство

Read more
 

Вести

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Читај повеќе
  • play_arrow

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Читај повеќе

Забрана за користење на дронови на неколку локации во Скопје, соопшти МВР

Читај повеќе

Детали за пукањето во Прилеп: Напаѓачот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи

Читај повеќе

Трамп најави нови царини за Венецуела: Пратија илјадници криминалци во Америка

Читај повеќе

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски за расправијата во Белата куќа: Го бранев достоинството на Украина

Читај повеќе

Намален е бројот на пациенти во критична состојба кои се лекуваат во странство

Читај повеќе

Како Индија полека, но сигурно станува четврта светска суперсила?

Читај повеќе