Casio претстави модерна верзија на првиот дигитален часовник G-Shock

Поминаа 41 година откако Casio го претстави својот прв дигитален часовник G-Shock, а сега најновиот модел на компанијата ја претставува најверната модерна верзија на оригиналот досега.

Станува збор за моделот G-Shock DW-5000R, кој визуелно е речиси идентичен со оригиналниот модел DW-5000C, кој се појави далечната 1983 година.

Солидната привлечност на DW-5000C предизвикува носталгија и претставуваше нов концепт кога првпат се појави. Неговиот креатор, инженерот на Casio, Кикуо Ајбе, бил инспириран да создаде часовник отпорен на оштетување откако неговиот механички часовник бил уништен кога му паднал од рака. Резултатот беше G-Shock дизајн со отпор „тројно 10“, што всушност значеше десетгодишно траење на батеријата, отпорност на вода при притисок од 10 бари и „преживување“ на пад од 10 метри. G-Shock стана еден од најлегендарните брендови во светот, тесно поврзан со културата на уличната облека.

Во соопштението, Casio рече дека DW-5000R е „повисоко ниво на репродукција“ од некои претходни реизданија продадени во ограничени количини, што сугерира дека овој модел може да стане дел од постојаната линија G-Shock. Сепак, постојат и неколку разлики. Куќиштето е зголемено од 41,6 на 42,3 mm, копчињата се пократки од оригиналниот модел, а водоотпорноста е 20 бари наместо 200 M.

Некои спецификации се модернизирани, вклучувајќи го позадинското LED осветлување и употребата на „пластика од биомаса“ за рамката и нараквицата, за да се намали влијанието врз животната средина. Куќиштето сепак е изработено од нерѓосувачки челик и ги има очекуваните карактеристики, стоперица, повеќефункционален аларм и дисплеј на календарот.

G-Shock DW-5000R ќе биде достапен на пазарот во Јапонија од 13 декември по цена од околу 217 долари.

Засега нема информации за пристигнување на светскиот пазар.

Тагови
реклама

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Украина ќе помине полошо од Германија по двете светски војни, според планот на Трамп

Read more

Што договорија Русите и Американците во Ријад?

Read more

Стил

Најдобро облечените ѕвезди на BAFTA 2025

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Три најлоши материјали кои се користат за производство на облека

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more
 

Магазин

Печурките можат да останат свежи до 7 дена со едноставен начин на складирање

Читај повеќе

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Читај повеќе

Болка во вратот: Кога треба да ве загрижува и да побарате лекарска помош?

Читај повеќе

Брз ручек со зеленчук и бело месо

Читај повеќе

Како да го извлечете максимумот од секој тренинг за слабеење?

Читај повеќе

Строги казни на Акропол: Погрешните обувки може да ве чинат 900 евра

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои ги очекува среќа со парите, еден знак нека уплати лото

Читај повеќе

Сами направете природно средство за чистење маснотии во кујната

Читај повеќе

Појадок што може да ве заштити од рак на дебелото црево

Читај повеќе