По шестмесечно истражување на непознати подрачја леталото Cassini ќе се спушти во горните делови на атмосферата на Сатурн по што ќе изгоре.
По 20 години од лансирањето, леталото Cassini наскоро ќе ја заврши мисијата во најдлабокото понирање во атмосферата на Сатурн.
Во последните месеци, за првпат во историјата, леталото леташе меѓу прстените на Сатурн и покрај рабовите на атмосферата на планетата.
Cassini е лансиран во 1997 година. Според научникот Скот Едингтон, петте последни орбити ќе им овозможат на научниците да видат како изгледа Сатурн од внатрешната страна, а ќе се добијат и фотографии од прстените со висока резолуција.